Иако дел од косовските медиуми по изјавата на Косовскиот премиер Хашим Тачи за трговската војна објавија дека утре во Приштина ќе патува вице-премиерот Муса Џафери поверојатно е дел од косовската политичка елита да пристигне во Македонија во обид да се надмине спорот меѓу двата соседи.
Сеуште нема информација кој би дошол во Скопје дали некој од косовските вице-премиери Хајредин Кучи и Мимоза Кузари Лила или некој од пониските ешалони во владата на Косово.
Министерката Мимоза Кусари Лила денеска изјави дека кога Македонија ќе ги укине нејзините мерки, Косово веднаш ќе ја повлече одлуката за забрана на увоз на стоки од Македонија.
Сепак по барањето од нејзиниот шеф Хашим Тачи и по критиките од меѓународната администрација на Косово поверојатно е дека Кусари ќе ја спушти топката и ќе ја прекине трговската војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации