| четврток, 6 декември 2018 |

Речиси две третини од косовските граѓани за смена на министерката за трговија Кусари

Не се само македонските граѓани, камионџии и политичари лути на косовската министерка за трговија Мимоза Кусари, нејзина смена барале и голем дел од косоварите.

Во анкета на агенцијата Косовопрес во јули минатата година 62 % од анкетираните граѓани на Косово барале смена на Кусари.

На прашањето „Дали премиерот Хашим Тачи треба да ја смени министерката 925 граќжѓани одговориле позитивно, 468 или 32 % гласале против а 6 % немале став.

Причината што речиси две третини од косоварите се против Кусари е што таа вовела давачки од 35 % за увозницитена цемент од Албанија и Македонија по што следела и десетина дена блокада на овој производ од двата соседи на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top