Неколку стотици илјади луѓе во шпанската покраина Каталонија формираа човечки синџир долг 400 километри, како поддршка за каталонската независност. проценките се дека биле присутни 400 илјади каталонци. Целта на протестот била да се искаже поддршка на локалните политички напори на каталонските власти за отцепување на покраината.
Целиот протест е организиран на националниот ден на Каталонија- Диада, денот кога во 1714 силите на шпанскиот крал Фелипе Петти ја поразиле каталонската војска. Во таа чест, синџирот од луѓе кои се држеле за раце бил создаден во 17 часот и 14 минути.
Десничарската влада одбива да се согласи на поделба на Шпанија и се заканува со блокада на референдумот за независност, најавен за 2014 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


