| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската министерка за трговија мераклика на блокади, не и е прв пат

На Вицепремиерката и министерка за трговија и индустрија на Косово, Мимоза Кусари Лила не и е прв пат да создава проблеми со слободен проток на стоки кон Косово.

Косовски извори за „Република“ потсетуваат на двата предходни инциденти кои што ги предизвикала Кусари со Албанија кога десетина дена бил забранет албанскиот цемент кон Косово како и на краткотрајната забрана за увоз на македонски цемент поради слични причини како актуелните.

Кусар важи за моќен играч на Косовската политичка сцена но и како релативно неспособна министерка која во одсуство на знаење се обидува со популистички мерки да собере политички поени во пресрет на парламентарните избори на Косово.

Косовските извори велат дека Кусари има директни и индиректни врски и со најголемите трговски компании на Косово кои добивале преференцијален статус за што во неколку наврати досега била предупредена и од европската администрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top