Од утринава цената на црвената индустриска пиперка во Струмичкиот регион паднала од 22 на 10 до 14 денари по килограм. Тоа е цената по која што пиперката може да се купи на струмичкиот кванташки пазар, а откупната цена е уште пониска велат производителите. Земјоделците се шокирани. Сметаат дека ситуацијата со ембаргото со Косово и блокадата на границата најверојатно го предизвикале овој драстичен пад на цената на пиперката.
-Претпоствуваме дека до ваква ситуација дојде бидејќи се намали извозот, а границата со Косово е блокирана. Ќе чекаме до утре да видиме што ќе се случува, за потоа да реагираме изјави за НОВА Ристо Велков од Регионалниот Сојуз нa синдикати на земјоделски производители.
Велков ги потврди информациите до кои дојде НОВА дека голема количина на пиперки од утринава останале непродадени. Земјоделците се револтирани, велат дека трошокот за производство на пиперката е поголем од откупната цена. Во сезона на ек на познатата струмичка пиперка која се користи за ајвар и за индустриско производство, падот на цената е нов голем удар по грбот на земјоделските производители.
Веке трет ден трае блоката на камионџиите од „Макамтранс“ кои поради револтот за ембаргото на македонските производи од страна на Косово ја блокираа границата кај Блаце. Границата се поминува само пеш поради километарските долги колони од возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



