Македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Владимир Пешевски ја повика денеска косовската вицепремиерка и министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари на телевизиско соочување во врска со актуелната состојба на границата помеѓу двете држави.
„Мислам дека на граѓаните им ја должиме вистината. Затоа Ве поканувам и повикувам на заеднички телевизиски настап, уште денеска, каде што пред очите на јавноста ќе може да ги презентирам нашите аргументи, а граѓаните да извлечат заклучок“, вели Пешевски.
Тој предлага заеднички настап да биде на Алсат телевизија, или на телевизијата која ќе ја посочи Кусари, а би се пренесувал во двете држави.
Пешевски на ваквиот чекор се одлучил откако заклучил дека во јавноста во двете држави кружат различни информации и постојат многу различни мислења околу мотивите, причините, фактите и аргументите врз кои се базира актуелната ситуација, што предизвикува забуна и не придонесува за надминување на состојбите.
„Оваа ситуација заслужува транспарентност, а и цврсто верувам дека и нашиот разговор пред очите на јавноста ќе придонесе за надминување на предизвиците. Конечно, тоа ќе придонесе и за надминување на сегашната ситуација и ќе помогне да се спречат вакви слични непотребни проблеми во иднина“, наведува Пешевски.
Граничните премини помеѓу Македонија и Косово веќе три дена може да се поминат само пешки, поради блокадата на македонските шпедитери и целосното ембарго за увоз на производи од Македонија од страна на косовската влада
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации




