| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Србија обезбеди ново сместување за Јованка Броз

Србија обезбеди ново сместување за Јованка Броз, вдовицата на Тито, која од 23 август се неоѓа во белградскиот Ургентен центар, каде е сместена во тешка здравствена состојба.

Вилата на Дедиње од 750 мерти квадратни, во која живее 89-годишната Јованка Броз и припаѓа на државата, но нејзиниот поркив протекува, ѕидовите се полни со влага и се во фаза на распаѓање, инсталацијата не работи, а греење има само во еден дел од вилата.

-Јованка Броз ќе се всели во една од четирите понудени куќи, која самата ќе ја одбере. Сите се приземни, бидејќи таа неможе да се движи по скали. Во таа куќа ќе престојува додека вилата на Дедиње не биде обновена, рече Расим Љајиќ, потпретседател на Владата на Србија кој редовно ја посетува Јованка Броз во Ургентниот центар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top