Соби со еден, но и со по осум кревети, малечки гарсониери, удобни дособни и трособни станови, модерно и ретро наместени, нови, реновирани и стари, сите овие видови простор се неверојатно барани за изнајмување за претстојниот фудбалски натпревар од Суперкупот на УЕФА кој треба да се одржи на 8 август во Скопје, пишува „Факултети.мк“.
Сопствениците на сместувачки простор во Скопје видоа одлична шанса за дополнителна заработувачка во периодот кога во Скопје ќе се игра натпреварот меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, па на специјализираната интернет-страница за периодично сместување „Ер би ен би“ (airbnb) го огласуваат за издавање секој слободен кревет, дури и во сопствениот дом. На оваа специјализирана страница е наведено дека побарувачката за сместување во Скопје за периодот од 7 до 9 август е зголемена за дури 137%, поради што ги советуваат сите заинтересирани навреме да си резервираат сместување во тој период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.