| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец шверцувал азиланти во Франција

policija

Завчера (09.09.) во 16,00 часот од страна на полициски службеници на ПС за ГН Белановце е приведен македонски државјанин А.Ш. (37) од Скопје бидејќи по претходни добиени сознанија дека од патниот правец с.Оризаре кон с.Белановце се движи ПМВ “Волсваген Комби“ превезувал патници од ромска националност кои што како потенцијални азиланти требало да ја напуштат земјава.

Во 13,30 часот од страна на полициската гранична патрола било забележано како се движи пријавеното возило од правец на с.Белановце кон државната граница и на околу 50 метри од граничната линија поточно кај м.в. „Црвена Вода-Крчен Камен“ од нивна страна било сопрено, а при извршената контрола над возилото и патниците е констатирано дека пријавениот превезува лица со сомнителна цел на патување и се работи за македонски државјани од ромска националност и тоа: М.И. (33) од Скопје, С.И. (31) од Скопје, и нивни две малолетни деца Х.И. и С.И.. Сите се приведени во ПС за ГН Белановце.

Од обавен разговор со пријавениот е дознаено дека на 08 овој месец околу 14,00 часот се Сретнал со С.И. во кафеана во населба Ново Лисиче и се договориле наредниот ден да ги земе од дома неговата фамилија, сопругата и неговите две малолетни деца како и неговиот брат и за сума од по 250 евра по човек, вкупно 1.250 евра да ги однесе до Лион, Р.Франција како можни баратели на азил. Притоа, С.И. му дал 300 евра капар како гаранција а останатите 900 евра требало да му ги даде кога ќе стигнат во Франција. При обавениот разговор со С.И., М.И. и Б.И тие го потврдиле фактот дека за наведената сума од 250 по човек требало да бидат однесени до Лион со цел да барат азил.

Пријавениот уште изјавил дека овој му е четврти пат што превезува азиланти за сума од 250 евра од човек, и секогаш ја користел истата маршута, односно илегално остварува излез од Р.Македонија према Косово ги носел “азилантите“ до автобуска станица во Гнилане, од каде тие со автобус заминуваат за Бујановац Р.Србија, а тој се враќал по истиот пат за Р.Македонија и истиот ден остваруваал легален излез на ГП Табановце и во Бујановац на автобуска станица ги чекал истите патници и заминувале за Р.Франција. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top