| четврток, 6 декември 2018 |

Јаневски: Македонија заслужи бод

јаневскиМакедонскиот селектор Чедомир Јаневски по поразот од Шкотска нагласи дека нашата селекција заслужи бод  и покрај лошо одиграното прво полувреме.

-Не заслуживме пораз, според шансите и играта во второто полувреме. Може да се согласам дека одигравме лошо во првото полувреме, пред се во средниот ред каде не успеавме да им парираме на гостите, по што неизбежно следеа промените во составот. Но, во второто полувреме комплетно ја променивме играта создадовме четири до пет одлични шанси, но за жал откако комплетно се вративме и притиснавме и за втор гол, следеше оној еден потег на Шкотите во финишот кој им донесе три бода, додаде селекторот Јаневски.

Шкотскиот стратег Гордон Страхан истакна дека оваа победа за неговите играчи значи враќање на победничките патеки.

Пресреќен сум пред се поради моите фудбалери кои заслужија победа. Игравме добро и заслужено стигнавме до триумфот. Ќе беше навистина шокирачки за нас доколку останеше нерешено, по оној доцен погодок на Македонија. Но, веднаш се вративме со прекрасен гол, истакна Страхан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top