| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц допатува; Атина му е јасна

nimicМедијаторот Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје од Атина повтори дека сега му е јасно какви се ставовите на грчките власти по вчерашната средба во Атина со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

-Има нова Влада и нов министер за надворешни работи со кого разговарав. Јас дадов предлог во април и тие ми ги презентираа детално своите мислења. Сега ми е јасно какви се нивните ставови, изјави Нимиц.

nimicМедијаторот во спорот за името Метју Нимиц во Скопје беше примен од претседателот Иванов, каде беше реафирмирана македонската државна позиција. Според кабинетот на Иванов била разменети информации и мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник Нимиц, како и со исходот од неговата посета на Атина. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top