| четврток, 6 декември 2018 |

Обама и Оланд на „жешка“ линија за Сирија

obama_phoneПретседателот на Франција, Франсоа Оланд и на САД Барак Обама попладнево имале телефонски разговор, соопшти Елисејската палата.
Се договориле да работат заеднички за да ги испитаат со најголемо внимание руските предлози за ставање на хемиското оружје на сирискиот режим под целсона меѓународна контрола и да се осигураат во неговото ефективно и целосно уништување.
Овие постапки според соопштението на Елисејската палата започнуваат денеска во ООН во перспектива на една можна резолуција на Советот за безбедност. Оланд и Обама заеднички потсетиле дека тие повеќе сакаат дипломатско решение, но исто така ја подвлекоа важноста да се остават отворени сите можни опции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top