Во Охрид почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. 93-годишниот Деребан, добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид, беше роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколкувековната фамилиарна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство. Тој е шеста генерација филигрански мајстори на фамилијата Деребан.
За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Сребрената пеперутка позната по тв спотот „Купувајте македонски производи“ која се чува во националниот Музеј на Македонија ја има изработено неговиот татко Александар.
„Делата на Деребан со своето врвно филигранско мајсторство ја одразуваат специфичноста на македонската култура и традиција“, посочуваат етнолозите за неговите мајсторски дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.