По само една недела брак, предомислувањето на невестата, 22 годишната Џордан Лин Грејем, го чинеше живот нејзиниот сопруг 25 годишниот Коди Ли Џонсон. На само една недела од венчавката таа го турнала низ карпите во националниот парк Глечер во Монтана, САД.
Исчезнувањето на Коди било пријавено кога не се појавил на работа. Сопругата сама го нашла неговото тело неколку дена подоцна. Тврдела дека сопругот заминал од дома со непознат пријател со темен автомобил и дека нема поим што се случило.
Сепак подоцна признала пред ФБИ дека го бутнала преку работ додека се шетале низ националниот парк. Во еден момент сакала да си замине но тој ја фатил за рака. Во лутина му се оттргнала и, бесна, со двете раце го турнала низ стрмнината. Таа ноќ пратила СМС порака на пријателка дека мора да разговара со сопругот бидејќи се предомислила за венчавањето кое завршило претходната недела.
Сега се соочува со доживотен затвор ако ја осудат за убиство од втор степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија