| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот амфибија денеска врзан во вреќа ќе плива во Охридско Езеро

jane petkovБугаринот Јане Петков или познат уште и како човек „амфибија“, денеска, ќе се обиде да преплива 3 километри во Охридкото Езеро врзан во вреќ, притоа без да користи никакви помагала. Доколку Петков успее во својата намера, тоа ќе биде своевиден подвиг, бидејќи на овој 59-годишник медицински му е дијагностицирана длабока анемија

Ваков обид за прв пат официјално ќе биде изведен тука во Охрид. Иако медицината смета дека е невозможно ваков подвиг да се направи со толку ниско ниво на хемоглобин во крвта, како во мојот случај, го мислам спротивното. Крајно време е современата медицина да обрне повеќе внимание на науката за дишењето, храната и мислата – изјави Петков.

Бугарионот од Сандански утрово тргнуав од плажата кај поранешниот хотел Парк. За околу три часа треба да пристигне на целта која ќе биде одредена во зависност од временските услови. Доколку успее во намерата неговиот подвиг ќе биде номиниран за Гинисов рекорд. Авантуристот од Бугарија ќе биде следен од медицинска екипа, како и од претставници на Црвен крст и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови, кои заедно со општина Охрид, се поддржувачи на овој необичен настан.

Фото: Охрид Њуз

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top