| четврток, 6 декември 2018 |

Се сексале на Водно, им го украле мобилниот телефон

zicara vodnoЕдна млада двојка која одлучила вечерта да ја продолжи на Водно, раскажува дека откако завршила со интимната дружба, забележала дека мобилниот телефон на девојката го немало во автомобилот. По целата потрага заклучила дека била жртва на манијак, кој освен тоа што си ги задоволил своите апетити, си ќарил и мобилен – пишува Вечер.

– Најпрво телефонот го баравме низ целиот автомобил, но ни на крај памет не ми падна дека некој можел да го земе, мислев дека е паднат. Прозорецот беше сосема малку отворен, но очигледно доволно за некој да провлече рака и да го земе. Загубата како загуба и не е толку страшна, но помислата дека некој бил во автомобилот не стресе. Знаевме и двајцата дека тоа што со години се прави во вечерните часови на Водно, не само што не е дозволено, туку е и казниво и речиси секогаш тука демнат манијаци, но ете тоа што немаме друго место не натера да појдеме на Водно. Сепак, и покрај сите околности, не ни помисливме дека е украден и не ни се веруваше дека успеал некој да ни се прикраде и тоа да го стори, раскажуваат младите скопјани кои сакаат да останат анонимни.

Бидејќи сексот на јавни места е забранет, двајцата не се осудиле да одат и да пријават во полиција. Наместо тоа велат ова ќе им биде поука да внимаваат каде одат во ноќните часови.
Од СВР Скопје велат дека за чинот секс на јавно место може да се заработи казна од 100 до 400 евра, што е предвидено со Законот за јавен ред и мир со членот што опфаќа дрско и непристојно однесување во јавност.

– Секс на јавно место како прекршок не е опфатен во член 3 во прекршоци против нарушување на јавниот ред и мир, но може да се санкционира по член 4 од истиот закон за дрско и непристојно однесување во јавност. Казните за секс на јавно место се движат од 100 до 400 евра. За разлика од сексот на јавно место, кој се смета за прекршок, манијаците кои полово се задоволуваат на јавно место подлежат на кривична одговорност, објаснуваат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top