Перо Антиќ има 31 година и нов предизвик, настапи во НБА лигата, како прв македонски кошаркар во најсилната светска лига, во дресот на Атланта хоукс. Реално тешко е да се очекува да продолжи да игра за репрезентацијата.
Патем во екслузивното интервју за „Република“ пред стартот на ЕП, а веднаш по потпишувањето на договор со „Јастребите“ од НБА, изјави дека во Словенија за последен пат ќе го носи националниот дрес. Никогаш не вели никогаш, можеби и постојат минимални шанси да се премисли, но Антиќ и покрај тоа што честопати е критикуван, даде се од себе да и помогне на репрезентацијата. Заслужено беше капитен на Македонија, и еден од најзаслужните за најголемиот успех во колективните спортови, во Литванија 2011, кога бевме четвртопласирани.
Тој успех и заслугите на Антиќ не може да ги избрише никој и крилниот центар на репрезентацијата ќе биде запаметен како еден од лидерите на оваа генерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


