| четврток, 6 декември 2018 |

На Галичица се одржа зимски семинар под шатори

Од 25-ти до 27-ми јануари на планината Галичица се одржа најмасовниот зимски семинар под шатори, на кој учествуваа 30 учесници, тие преноќија на падините под врвот “Магаро” и во спасителната станица на “Липова ливада” при Црвениот крст Охрид, каде го обработија практичниот и теоретскиот дел од обуката за водичи на планина.

Семинарот беше наменет и за обновување на важноста на легитимациите, на претходно лиценцираните водичи, но и спремање на планинарите за февруарскиот планинарски испит.

planinari1

Дел од работните теми кои беа опфатени на семинарот се: Движење по планински терен во зимски услови, движење со дрезги, примена на алпинистички техники (сидришта, наврски, падови), бивак во планина, организирање на камп на планина во зимски услови и основи во лавинологија (потрага на затрупан во лавина).

planinari2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top