Иновативни, оригинални, поинакви. Ова се новите македонски маички чија првенствена и главна функција е да се зголеми употребата на кирилицата како изворен сегмент од нашите животи.

Тие се првиот проект на „#Омајгад!“, колективот создаден од графичкиот дизајнер Гоце Велески, и се всушност серија на дизајнерски маици со наслов „Кирилицата што се носи”.

Промоцијата на колективот ќе се одржи на 13-ти септември во 19 часот во „Concept 37“, простор наменет за добра дружба, а исто така и простор кој ќе ги собира креативците од сите области.

Повеќе информации за „#Омајгад!“ може да се најдат на официјалната фан страна на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


