| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорците преку ноќ заборавиле да читаат кирилица (фото)

Поп пејачот Владо Геориев пред неколку дена се најде во небрано грозје.

владо георгиев

Имено, во намера да заврши работа околу некој документи во родната Црна Гора, пејачот бил шокиран од барањето на службеничката. Таа  му побара да ги преведе документите од кирилица на латиница. Георгиев  во неверување  не  ја завршил работата и заминал од шалтерот, шокиран од фактот дека Црногорците преку ноќ заборавиле да читаат кирилица.

-Донесов некои документи од Белград кои беа на кирилица и госпоѓата ме испрати да го преведам и ставам печат. Верувате ли вие во ова – јавно се пожалил Георгиев на неговиот Твитер налог.

06_1000x0

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top