| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија воведува визи за Косово?!

vizaMакедонската Влада размислува да воведе визи за косовските државјани , пишува Дневник повикувајќи се на свои извори. Ваков тек на настаните  е можен по целосното косовско емабарго. Причина за разнишувањето на добрососедските односи со Косово се сомнителни бизниси.

Се шпекулира дека зад чекорите кои ги преземаат косовските власти всушност стои извесен Мони Карлиу, со потекло од Македонија, а кој сега живее во Косово, каде се занимава со трговија на пченица и брашно. Незадоволен од одлуката на македонската влада за привремено стопирање на увозот на пченица во земјава, тој ги притиснал косовските власти да одговорат со контрамерки, а со цел да се присили македонската страна да ја повлече својата одлука.

Нетпрес тврди дека Карлиу е добропознат на македонските безбеднони служби, бидејќи се занимавал со шверц на дрога, а  наводно поседувал и фабрика во скопско Визбегово и  е коспоственик на Американ Колеџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top