| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка и ќерка загинаа превртувајќи се од трактор

traktor

Вистинска семејна трагедија се случила вчера на земјениот пат кон велешкото село Оризари на местото Карамуслица. Загинаа мајка и ќерка откако нивниот трактор се превртел.

Според информациите од полицијата, 35-годишната Сумера М. од Штип, дошла во посета на нејзината мајка, 59-годишната Игбала Т. од Горно Оризари.

Додека двете се возеле со тракторот, кој го управувал ќерката, истиот наеднаш се превртел. Од повредите на лице место починале и двете.

Во несреќата повредена е уште една жена која била со нив на тракторот, но поминала со полесни повреди бидејќи скокнала од тракторот.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top