| четврток, 6 декември 2018 |

Зграда во Лондон топи автомобили (видео)

zgrada_london_web

Иако не е целосно довршена високата зграда во Лондон, наречена „Воки Токи“ таа веќе почна да претставува вистински проблем. Имено, архитектите не ни помислувале дека високо сјајната површина на вдлабнатото (конкавно) лице од зградата ќе ги рефлектира и фокусира сончевите зраци на улицата пред неа на толку мала површина.

zgrada_webНасочување на сончевите зраци преку лупа за палење на хартија или слама ни е добро познато уште од детските експерименти и игри. Но, во случајов воопшто не станува за игра, ниту пак му било смешно на сопственикот на автомобилот Јагуар кој делумно бил буквално стопен од сончевите зраци рефлектирани од зградата.

zgrada jaguar_stopen_web

Но, Јагуарот не бил единствената жртва на оваа зграда. Велосипеди, патосници, клупи и други предмети биле оштетени од насочените сончеви зраци. Во една прилика новинарот на Делли Телеграф со помош на сонцето и зградата успеал да испржи јајца на тава.

zgrada_london_retrovizor

Овој феномен се јавува во претпладневните часови од денот. Истиот трае 2 до 3 часа, и се очекува да трае 2 до 3 недели во годината. Инжењерите кои работат на оваа зграда се обидуваат да изнајдат решение на овој помалку бизарен проблем преку премачкување на стаклата со слој кој би ја спречил рефлексијата на сончевите зраци.

Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top