| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео: 22 лица загинаа откако камион помина на црвено

0187007.63

22 лица загинаа, а 26 се повредени во страшната сообраќајна несреќа која се случи во Пинтаун, Јужна Африка. Камионот со кој управувал 23-годишен возач, помина на црвено светло и притоа буквално ги собра трите такси комбиња и автомобилот коишто само тргнаа на раскрсницата.

Видеото го сними автомобилот позади едно од такси комбињата. Иако засега не се знае причината поради која младиот возач не застанал на семафорот, а некои медиуми пренесуваат дека тоа е наводно поради расипаните кочници, сепак тој е уапсен за повеќекратно убиство и несовесно возење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top