| четврток, 6 декември 2018 |

Со секира им пресудил на мајка си и сестра си

Две гостиварки, мајка и ќерка синоќа се убиени  во нивниот дом. За двојното убиство, осомничен е  Владимир Ц. (43) кој набрзо по настанот е приведен.

Според првичните сознанија на СВР Тетово,  Владимир, околу 22 часот, со секира ги нападнал својата мајка  Димитрула (71) и сестра му Славица(46) во куќата на улицата „Илинденска“ во Гостивар.

Случајот во полиција го пријавил сосед, кој слушнал повик за помагање и викотници. Според првичните и неофицијални информации, во семејството, подолго време постоеле недоразбирања, а можно како причина да е психичката растроеност на Владимир.

Полицијата, истражен судија и јавен обвинител до доцна во ноќта, вршеа увид и ги утврдуваа  околностите кои довеле до семејната трагедија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top