Модниот уредник на списанието Вог, Ана Винтур, го откажа појавувањето на пејачката Мајли Сајрус на насловната страница од списанието, поради нејзиниот настап на “MTV” наградите.
Мајли требала да се појави како „млада надеж на модата“, но настапот ја спречил во тоа.
Пејачката веќе имала направено фотосесија за декемвриското издание, но Винтур ја отстранила и ќе постави некој друг.
– Ана го оцени нејзиниот настап како невкусен – изјавил извор близок до Вог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.