Косово со нова закана до Македонија. Косовските власти, најавуваат дека целосно ќе ги спуштат рампите за сите македонски производи, а не само за одредени, како досега. Ваквата нова закана им била упатена на македонските власти, откако земјава воведе патна такса за косовските државјани кои сакаат да влезат во земјава.
Министерката за трговија на Косово, Мимоза Кусари, вели дека е можно проширување на листата на стоки кои ќе бидат забранети за увоз на Косово од Македонија.
„Ние инсистираме ова да биде чисто економско прашање. Владата на Косово прави нови консулатции за да се види кој ќе биде следниот чекор. Секако дека таквите форми на реакција не можат да и прават ултиматум на косовската влада. Во спротивно и ние можеме да ја прошириме забранетата листата на стоки што од Македонија доаѓаат во Косово“, изјави Кусари за косовските медиуми.
Владата на Косово нема намера да воведе реципрочни мерки за македонските државјани.
„На тоа ниво ние нема да се спуштаме. Но, на Македонија ќе и покажеме дека ако тие продолжуваат на таков начин да ги третираат косовските државјани, тогаш загубите директно ќе ги почувствуваат во нивната економија. Реципрочни мерки за слободното движење на граѓаните нема да има, затоа што ние сме свесни дека од таквата одлука најголема штета ќе имаат Албанците од Македонија и останатите кои доаѓаат во Косово, секако и Македонците“, изјави за косовските медиумни Кусари.
По најавите дека Косово целосно ги спушта рампите за сите македонски производи, Македонија сега размилсува за дополнителна, нова мерка. Неизвесно е до каде ќе оди оваа трговска војна меѓу двете држави, ниту дали македонска делагација утре ќе оди на преговори со косовските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации