фото: ТВ Нова
Косовски патници се заглавени во километарски колони возила на граничниот премин со Македонија. Причина за хаосот е новата мерка на македонската влада која на сила стапи ноќеска, а според која косовските државјани ќе мора да плаќаат за влез во Македонија. Фотографијата во НОВА ја прати читател кој веќе цело утро е аглавен на преминот.
Ние воопшто не знаевме за оваа мерка, ова дојде одеднаш, еве ми кажуваат од ноќеска, немало никаква најава, а повеќе од очигледно е дека вработените на премините не се подготвени и наплаќањето оди премногу споро, се жали човекот кој на граница е веќе неколку часа.
Тој тргнал во Скопје со својата жена да земе нарачана торта од слаткарница. Вели дека тортата требало да ја земе утринава, а била наменета за роденден на дете.
Од ноќеска на полноќ секој косовски автомобил кој влегува во Македонија мора да плаќа по пет евра и дополнителни 2 за секој патник. Камионите и автобусите плаќаат по 10 евра и по 2 евра за секој патник. Оваа мерка на македонската влада доаѓа како контра-мерка на ембаргото за увоз на дел од македонските производи кој го воведе Косово пред неколку дена. Мерката на владата на Косово, пак, дојде како одговор на мерката на македонската влада условениот увоз на брашно која претходн ја воведе Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



