| четврток, 6 декември 2018 |

Во Брисел средба Дачиќ-Тачи

Dacic-taci

Попладнево во Брисел во рамките на 16-та рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се сретнат премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Брисел очекува во рамките на оваа рунда од дијалогот, што повторно ќе се одржи со посредништво на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, да биде постигнат договор околку прашањата поврзани со електричната енргија и телекомуникациите, за кои се преговара веќе две години.

Портпаролот на Ештон, Маја Коцијанчич изјави дека покрај прашањата за струјата и телекомуникациите, доминантна тема на утрешните разговори ќе бидат и подоготвките за локалните избори во Косово закажани за 3 ноември.

– Важно е овие избори да бидат добро организирани и на нив да учествуваат претставници на сите заедници, нагласи Коцијанчич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top