| четврток, 6 декември 2018 |

Москва бира градоначалник

sergey sobjanin

Околку 7,2 милиони жители на Москва од утрово на 3.397 гласачки места избираат градоначалник на нивниот град меѓу шестмина предложени кандидат.

Главен фаворит за победа на изборите е актуелниот градоначалник на Москва, Сергеј Собјанин, кој важи за човек близок до рускиот претседател Владимир Путин.

Според анкетите на јавното мислење, Собјанин, кој е кандидат на владејачката партија Единствена Русија (ЕР), ужива поддршка на околу 60 проценти од гласачите.

Негов главен ривал е Алексеј Навални, кандидат на опозициската Републиканска партија на Русија – Партија на национален договор (РПР-ПАРНАС), кому анкетите му даваат поддршка од околу 20 проценти. Навални во јули годинава беше осуден на пет години затвор поради наводна кражба на дрвена граѓа од едено државно претпријатие, во процес кој тој го оцени како политички мотивиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top