Во интервју за државната телевизија НЕТ, Ципрас предлага изборите да се оддржат пред изборите во Германија, кои се закажани за септември, „за да запре катастрофалниот од на земјата и СИРИЗА како владина партија да бара животно важно решение за Грција“.
Лидерот на радикалната левица се спротивстави на приватизациската политика на кабинетот на Самарас, истакнувајќи дека неговата партија е против разграбувањето на државата и дека приватизацијата треба да биде направена така што ќе има социјален ефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.