Младиот словенец од Крањ Јака Гимпељ беше еден од најактивните членови на фалангата на мечот со Србија.
Ова шеснаесеттогодишно момче навива за неговата земја која на овој турнир игра во Љубљана но од вчера е верен фан и на Македонија.
Тој на вчерашниот натпревар дојде со скопското семејство Мартиновски а врската на Јака со Македонија е преку неговиот татко кој пред распадот на Југославија бил заедно во ЈНА со неговиот сегашен пријател Војо.

Мартиновски во последниве неколку години не пропуштиле ниту едно првенство на кое играле македонските репрезентации.
Јака во очекување на европското првенство во кошарка ги научил сите навивачки песни и сега знае да ја испее „Излези момче“ , „Едно име имаме“ и другите песни што ги пеат македонските навивачи.
Неговите македонски пријатели Никола и Маја му помагаат секогаш кога ќе заборави некој од стиховите научени за кратко време.
Јака и утре со Босна и Херцеговина ќе биде во салата во Јесенице. Воодушевен е од амтосферата што ја прави македонската фаланга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


