| четврток, 6 декември 2018 |

Измена на преодниот рок за фудбалери

fudbal„Расчекор“ меѓу тренерите и клубовите за тоа колку треба да трае фудбалскиот преоден рок. Тренерите на најголемите европски клубови побараа тој да се скрати, шѓто пак е различно од позициите на клубовите, кои секогаш сакаат подолг период за купување играчи.

-Сите сакаат фудбалерите да ги имаат на подготовките, а не по нивното завршување. На тренерите им треба време за да го подготват тимот за сезоната. Веројатно е дека на оваа тема ќе имаме дополнителни состаноци, смета Андре Вилаш Боаш од Тотнем.

И Мишел Платини, кој преодниот рок го објасни како „тежок грабеж“ најави дека во УЕФА се бараат модели за да се реформира преодниот рок.

Летниот преоден рок заврши во понеделникот, што создаде конфузии во клубовите каде не знаат кој се ќе остане во клубот, иако сите национални првенства веќе започнаа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top