| четврток, 6 декември 2018 |

Конзервативците ја презедоа Австралија

tony-abbott-votes-in-election-dataКонзервативната коалиција победи на изборите во Австралија, соопшти државната телевизија.

– Коалицијата веќе има сигурни 74 места во Долниот дом на Парламентот. Врз основа на тоа ќе добие мнозинство. Мислам дека можеме да кажеме дека Владата е поразена – изјави аналитичарот на телевизијата „Еј-Би-Си“, Ентони Грин.

Освен тоа поразот на лабуристите го признаа и неколкумина истакнати личности од досегашната власт, вклучувајќи го и министерот за одбрана Стивен Смит. Излезните анкети исто така покажаа дека победник е Конзервативната коалиција.

Гласањето во Австралија е задолжително и се одржува во сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top