| четврток, 6 декември 2018 |

„Детонатор“ продолжи во гостиварско

detonatorПродолжената акција на МВР „Детонатор“ во гостиварското село Градец, откри 16 апарати за кои немало соосдветна документација.

Покер-апаратите биле откриени вчера попладне при контрола на три објекти. Во еден без име и фирма, сопственост на М.И. најдени се осум апарати, во објектот „Спорт“ сопственост на Б.А. три, а во „Бест Винер“ на Р.Т, најдени се пет.

Сите апарати биле во функција и на повеќето имало играчи. Апаратите биле одземени, а на разговор биле повикани сопствениците и одговорните во локалите А.И и А.Р.

Во текот на денот ќе биде утврдено дали на нив се организирал комар или пак неовластено биле приредувани игри на среќа. Зависно од тоа какви неправилности ќе бидат откриени, такави поднесоци и ќе следуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top