Најбогатиот човек во светот, мексиканскиот бизнис магнат Карлос Слим, во моментот е во Битола, каде е гостин на свадбата на министерот за информатичко општество Иво Ивановски, дознава „Република“.
Според нашите информации, Слим е во друштво на македонскиот државен врв, на чело со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Во април годинава, синот на Карлос Слим, воедно и извршниот директор на неговата бизнис групација, ја најави можната инвестиција во информатичко – комуникациската технологија во Македонија.
Но сепак, ова е исклучителна чест, не само за новопечениот зет, министерот Ивановски, туку и за Битола и Македонија. Сепак нашата мала земја е домаќин на човекот кој во последните пресметки на „Форбс“ од мај 2013-тата, „тежи“ неверојатни 73 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


