| четврток, 6 декември 2018 |

Египетски бизнисмен ќе гради спортски центар во Гази Баба

Египетскиот бизнисмен Исмаил Ќалил, сака да инвестира во спортско рекреативен центар во општина Гази Баба.

Тој деновиве го посетил градоначалникот Тони Трајковски, кој го примил во придружба на Миле Манолев, македонскиот амбасадор во Египет.

Градоначалникот на гостите им ги посочил локациите, кои според урбанистичките планови во Општина Гази Баба имаат намена за изградба на спортско рекреативни центри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top