Македонскиот актер Висар Вишка ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Шангај џипси“ на шестиот по ред интернационален филмски фестивал „Божицата на тронот“, кој синоќа заврши во Приштина. Ова е прва награда за актерот, на која тој е посебно горд, затоа што му ја додели меѓународно жири.
– Ова е мојa првa награда како актер, а задоволството е уште поголемo што јас добив во странска држава, од страна на меѓународно жири. Ви благодарам господин Филип Бергсон, господин Мајк Сарн, господин Кристофер Мајлс, господин Андамион Муратај, господин Агрон Шала… Најдобар начин да ви се заблагодарам е да работам напорно и да правам голем улоги, па еден ден со гордост да кажете: Јас му ја дадов првата награда! Бидејќи статуата е божица на тронот, јас им ја посветувам на моите две божици, мајка ми која ме направи и жена ми, кој ми подари прекрасен син! Ви благодарам! – изјави актерот.
Ова е одлична година за Висар, кој уште повеќе се прослави и со неговото учество во шоуто „Танц со ѕвездите“, а со неговата сопруга, водителката Елена, неодамна за првпат станаа родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


