Пчелите на Исидорос Тамидис го запрепастија светот. Овој побожен пчелар од регионот Капндрити, кој се наоѓа во близина на Атина, во една од неговите кошнички со пчели поставил икона од Распетието Господово.
Кога следниот пат ја отворил кошничката, забележал дека пчелите ја извезле со восок целата икона освен делот каде е прикажано лицето и телото Господово.
Отогаш тој секоја пролет во кошничката ги става иконите на Спасителот, Богородица, и Светителите, а резултатот е секогаш ист.
– Еднаш донесов икона на која е насликана голготата со трите крста. Пчелите ја имаа извезено со восок целата површина на иконата, оставајќи јасно да се види крстот на кој е распнат Христос и разбојникот кој што се покајал, насликан од десната страна, додека разбојникот од левата страна беше прекриен со дебел слој на восок – вели Исидорос.
– Последен пат ја оставив иконата на Свети Стефан првомаченик. И како што гледате цела икона је покриена со восок освен лицето и телото на светителот.
Извор: Денешен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Шестмесечно бебе оживеа среде неговиот погреб
-
Чудо во Атика, Грција: Куќата изгорена до темел, а иконите по ѕидовите нечепнати (галерија) (видео)
-
Изложбата „Икони XIV-XX век” во Чифте амам