| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш бил војник-христијанин, денес муслиманка

vojnik zena1

Поранешниот британски војник целосно го променил својот живот, и тоа во вистинска смисла на зборот. Луси Валендер, која порано се викала Лоренс, променила сѐ, својата работа, религија, па и својот пол.
Порано Лоренс, а сега Луси, станал првиот трансродов Британец-муслиман. Луси е во брак со друг маж, исто така муслиман, кого го запознала преку интернет, но тој не знаел дека Луси го променила својот пол.

vojnik zena

Луси уште на свои 14 години знаела дека сака да биде жена и дека се наоѓа во „погрешно тело“. Пред три години имала операција за промена на полот, а потоа го прифатила исламот како религија.

– Влезот во територијалната војска беше мојот последен обид да се вклопам во тој начин на живот. Една година бев во војската и не можев да издржам, едноставно чувствував дека сум во погрешно тело. Како маж едноставно живеев во лага – вели Валендер.

Откако си заминал од војската, почнал да се облекува како жена и имал врски со мажи. Пуштил долга коса, земал хормонска терапија, а тогаш на ред дошла и операцијата која конечно придонела за промена на полот.

Со новиот идентитет, Луси се омажила за Мурад на мала свеченост во својот стан во Лондон.

– По венчавката го видов двапати. Кога и да се видиме, имаме секс. Не му кажав дека го променив полот, но сигурно се сомневал кога ги видел моите лузни – вели Луси.

Меѓутоа, Луси имала проблеми во локалната џамија, каде што оди на молитва, бидејќи не ѝ дозволуваат да се моли со останатите жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top