По истрагата за педофилија надбискупот во Санта Доминго и уште еден свештеник се преместени на тајна локација. Властите покренаа истрага против надбискупот, Ватикан го повлече, но не соопштува детали за обвинувањата. Истрагата по обвинувањата, според локалната полиција, сѐ уште се во рана фаза, а се темелат за сексуално искористување млади момчиња.
– Нема да дозволиме никому да ги искористуваат црквата и други религиски институции како штит за криминални дела, особено кон деца – велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.