Сите вработени во една продавница за чевли во Рочестер, Њујорк, решија во исто време да дадат отказ и да заминат од работа, и тоа среде сезона кога почнува училишната година и сите се „фрлаат“ во купување обувки и облека.
На својот „сакан“ шеф Џејми тие му оставиле огромен плакат среде дуќан, на кој напишале сѐ што мислат за него и негото менаџирање.
– Драги Џејми, штом одлучи да изјавиш дека „ракот не е изговор“ и мислиш дека е во ред да ги пцуеш вработените, нешто што го правиш цело време – НИЕ ДАВАМЕ ОТКАЗ! Е, баш поради ова не можеш да задржиш менаџер на продавницата подолго од една година. Ја злоупотребуваш твојата улога и вработени. Уживај во фактот што изгуби менаџер, заменик менаџер и продавач среде сезоната на враќање во школо. Следниот пат кога ќе се однесуваш со луѓето така како што се однесуваш прво размисли. Ние веќе не ти дозволуваме! – му напишаа на својот шеф Ники, Џес и Ти Џеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.