Челниците на ФИБА, веројатно, ја увидоа грешката на судиите, но и својата со смислено изоставување на спорниот момент од натпреварот Македонија – Црна Гора, па се коригираа на интересен начин, скришум. Снимија нов „хајлајтс“ со изјави по натпреварот од Тајриз Рајс и од нашиот селектор Алеш Пипан, па тука го сместија спорниот момент, за кој се крена голем прав.
Во официјалниот „хајлајтс“ од дуелот што беше презентиран многу порано го нема моментот на 1,6 секунди до крајот, кога Милко Бјелица очигледно се „обеси“ на мрежичката што, според правилата на ФИБА, е забрането и се казнува со поени за противничката екипа. Судијата од Полска покажа дека има кош за Македонија, што ќе значеше победа за нас од 82-81, но подоцна заеднички тројцата арбитри на мечот донесоа одлука да нема поени за нас, што ѝ донесе триумф на Црна Гора.
Играњето криенка со спорниот момент, кој се појави на новата снимка во продукција на ФИБА, но многу подоцна, носи сомнеж дека има заткулисни игри. А, притисокот да се истера правдата токму според правилата на ФИБА, кои се јасни и се на наша страна во овој случај, ја направија не само македонските медиуми, туку и многу други, кои објективно информираа дека е направена кардинална грешка на штета на четвртопласираната селекција од минатиот шампионат во Литванија.
За жал, и тоа не вроди со плод, па жалбата што Македонија ја вложи по мечот укажувајќи на материјална повреда на правилата, е одбиена од ФИБА.
Напомена: Првото видео е официјалниот „хајлајтс“ од натпреварот, на кој ФИБА „случајно“ го заборави токму спорниот и веројатно и најважен момент, а второто видео е со изјавите на Рајс и Пипан снимено подоцна и во него на почетокот ја има ситуацијата од финишот со недозволениот потег на Бјелица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)