Јусеин Болт најави дека размислува за повлекување од атлетските патеки, а љубителите на спринтот и на кралицата на спортовите, сепак, ќе имаат можност да уживаат во трките на „молњата“ од Јамајка до 2016 година. Болт најави дека ќе се пензионира по Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, Бразил, што ќе се одржат за 3 години.
– Тоа е вистински момент за повлекување. Тогаш ќе бидам на врвот на кариерата, а сакам да останам запаметен во историјата на спортот како Пеле или Мухамед Али – изјави Болт.
Тој е светски првак на 100 метри, 200 метри и во штафета четири пати по 100 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


