
Македонскиот естраден новинар Спасе Јовановски се најде на ѕидот на Ана Николиќ. Спасе е еден од оние што многу време поминувааат на фејсбук и имаат досетливи и интересни статуси. Откако „пиеше кафе“ со Ријана, Бјонсе и ред други светски ѕвезди, Спасе напиша дека во сон му дошла Ана Николиќ. Притоа тој ја означи српската пејачка во својот статус. Ана не остана имуна.
-Прочитав на фејсбук дека едно момче од Македонија ме сонувало, па убаво што доаѓам во сон, убаво е момчето – напиша Ана и собра над 4 500 лајкови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


