| четврток, 6 декември 2018 |

Нов супермаркет на „Скопски пазар“ во Автокоманда

Скопски Пазар отвори нов супермаркет од синџирот СП Маркети во Автокоманда. Новиот маркет се наоѓа на локацијата на поранешниот МаксиД дисконт, во кругот на зелениот пазар во Автокоманда.

DSC_0366

На површина од околу 750 метри квадратни маркетот нуди богат асортиман од преку 10.000 производи од реномирани домашни и странски производители. Во понудата на супермаркетот отсега потрошувачите ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук, готови топли јадења од менито на Топлотека, печено пиле и свежо печен багет.

По повод отворањето на маркетот, во текот на оваа недела ќе бидат организирани голем број промоции и подароци за потрошувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top