| четврток, 6 декември 2018 |

Во Карпош, Кисела Вода и Автокоманда ќе има зонско паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг” годинава ќе инвестира во изградба на вкупно 1.500 нови паркинг-места.

Во 2017 година претпријатието предвидува бројот на паркинг-места кај зонски организираните јавни површини наменети за паркирање да се зголеми за 1.500, од кои за 452 паркинг-места веќе има изработени сообраќајни проекти. За дел од субзоните не е изработен сообраќаен проект и не сме во можност да дадеме точен број на паркинг-места кои би биле ставени во употреба во текот на 2017 година”, се наведува во инвестиционата програма.

Зонско паркирање ќе има во делови на Карпош, Автокоманда и Кисела Вода. Најголем дел од парите, „Градски паркинг“ планира да ги потроши од сопствениот буџет, а за некои проекти ќе добие субвенција од Град Скопје во висина од околу 400.000 евра.

Во инвестициската програма е наведено дека годинава претпријатието планира да отвори 1.500 зонски паркинг-места. За 452 веќе има изработено сообраќајни проекти. „За дел од субзоните не е изработен сообраќаен проект, оттука и не сме во можност да дадеме точен број на паркинг-места кои би биле ставени во употреба во текот на годинава“, појаснето е во програмата.

Според неа, нови 148 зонски паркинг-места е предвидено да се отворат во Дебар Маало, 304 на „Индустриска“ во Автокоманда, а зонски паркиралишта се предвидени и на улиците „Антон Панов“, „Емил Зола“, „Иван Козаров“ и „Вера Јоциќ“ на подрачјето на Кисела Вода. Зонски паркинг годинава е предвидено да се отвори и во „Лептокарија“ во Карпош 3, како и на улиците „Мирка Гинова“, „Иван Аговски“ и на „Гиго Михајловски“ во Карпош 1.

Според извештајот на „Градски паркинг“, заклучно со декември 2016 година, уредени се и ставени во употреба вкупно 8.015 паркинг-места, од кои 5.271 се зонски, 1.694 се регулирани со рампа, а 1.050 паркинг-места се отворени во катните гаражи со кои располага „Градски паркинг“.

Во рамките на капиталните инвестиции, претпријатието за годинава планира да набави и две нови специјални возила „пајак“, кои, како што потенцираат од „Градски паркинг“, им претставуваат основно средство во извршување на една од основните дејности. Надлежните процениле дека за таа намена ќе потрошат околу 220.000 евра. За потребите на „пајак“ службата предвидена е и набавка на монтажно-демонтажни објекти, со цел да се обнови и прошири сместувачкиот капацитет на вработените во овој сектор. Како дел од инвестициите во соодветната програма, наведени се и набавка на софтвер за електронска наплата, набавка на нови куќарки и систем за препознавање регистарски таблички. За потребите на проектот „Скопје изнајми велосипед“, претпријатието планира и набавка на нови велосипеди, како и систем за нивно самоизнајмување.

„Во функција на развој на проектите за електромобилност, претпријатието посочува на потребата од набавка на два електрополначи за електровозилата. Во 2017 година во функција на развој на проектот ‘Изнајми велосипед‘ планираме да спроведеме и истражување на пазарот, односно изработка на студија за имплементација на проект за самоизнајмување на велосипеди“, се вели во инвестиционата програма на „Градски паркинг“.

Претпријатието планира и набавка на паркомати за потребите на катните гаражи, како и за некои „отворени“ паркиралишта со што би понудиле уште еден начин за плаќање на услугата – паркирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top