Жизел Бундшен, најплатениот супермодел во светот на модата, за потребите на една рекламна кампања се престави и како пејачка. 33-годишната Жизел во есенската кампања на „ХиМ“ (H&M) се промовираше и како пејачка.
Во видеоспотот убавата Бразилка може да се слушне како во студио ја пее песната „Boy, I want to be with you, all of the time“.
Новата рекламна кампања, во која повторно во главна улога е бразилскиот супермодел Жизел Бундшен, стартува на 12 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.