Битолската полиција поднесе кривична пријава за 52-годишниот М.Ц. бидејќи го претепал сопствениот татко.
Според полицијата, на 8 јули годинава во својот дом во село Тодори, пијаниот М.Ц. почнал да му бара пари на неговиот татко Д.Ц.(75), а откако тој одбил, М.Ц. збеснал и физички го нападнал. Таткото си заработил телесни повреди од ќотекот, а насилникот си заработи кривична пријава за загрозување на сигурноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.