| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски и Јовица Михајловски во Изгубените Германци

Изгубените Германци е насловот на новата театарска претстава која ќе ги врати на сцена Тони Михајловски, Јовица Михајловски и Ѕвездана Ангеловска. По долги години пауза, на дрвените даски повторно ќе застанат големите актерски имиња. Македонскиот народен театар ја најави премиерата на новата  претстава во режија на Слободан Унковски, а по текст на Дејан Дуковски. Покрај Јовица, Тони и Ѕвездана, на премиерата закажана за 6 февруари, на сцената на МНТ ќе застанат и Никола Ристановски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Оливер Митковски, Емил Рубен и Сања Арсоска. Предпремиерата е закажана ден порано, на 5 февруари.

Оваа претстава беше најавена за крајот на јануари, но потоа беше симната од репертоар. Сега се очекува да пристигнат костимите, по што конечно театарската публика ќе има можност да ја види долгонајавуваната премиера во МНТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top